На сред сезона дел од охридските плажи со забрана за капење

од desk2
151 прегледи

 

Среде летна сезона осамна знак за забрането капење во Охридското Езеро, јавува Канал 5. Туристите не смеат да пливаат кај плажите кои се протегаат од Самоиловата тврдина кон камповите „Партизан“ и „Младост“ поради отпадните води од колекторскиот систем.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја потврди за Канал 5 оваа информација, посочувајќи дека општината ја вовела забраната по налог на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Вели дека проблемот најверојатно е во несоодветната канализациона мрежа по течението на реката Грашница, а не на нефункционалниот колектор.

Од охридскиот Центар за јавно здравје за Канал 5 потврдија дека анализите на примероците од вода токму од тој регион покажале дека водата е загадена. Останатите плажи се безбедни за капење.

Квалитетот на водата во езерото беше посочена како една од „црните“ точки на последната сесија на УНЕСКО во Баку, веднаш по проблемот со урбаниот хаос.

Вчера јавноста бурно реагираше на одлуката на советникот на Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини свечено да ја отвори својата пицерија, иако објектот од општината официјално е прогласен за дивоградба.