На судењето за „Трезор“ се репродуцираат снимки од главната расправа

од Ивана Рамаданова
270 прегледи

Со репродуцирање на снимките од главна расправа од септември минатата година на која се изведуваат материјални докази, во Кривичниот суд  денеска продолжи судењето за набавката на опрема за следење на комуникациите за потребите на Петтата управа при УБК  Судењето за предметот „Трезор”, во септември оваа година започна одново, бидејќи од одржувањето на последното рочиште поминаа 90 дена.

Случајот го води судијката Женета Бегтовиќ и се наоѓа во доказна постапка.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Слични содржини