На Табановце за излез од државата се чека и до 45 минути

од desk2

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце е забележана зголемена фреквенција на возила, каде што времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути, соопшти Авто мото-сојузот на Македонија.

На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.

Во редовниот извештај од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Слични содржини