На Трамп нема да му биде дозволено да се врати на Твитер дури и ако повторно стане претседател

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

На поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да му биде дозволено да се врати на Твитер дури и ако повторно се кандидира и победи на претседателските избори, тврди финансискиот директор на компанијата Нед Сигал.

Во интервју за CNBC, Нед Сигал потврди дека профилот на Доналд Трамп е отстранет засекогаш од Твитер.

„Нашата политика е таква- ако ве отстранат од платформата, вие сте отстранети од платформата, без оглед дали сте коментатор, финансиски директор, поранешен или сегашен јавен функционер“, објасни Сигал.

Тој посочи дека политиката на Твитер е дизајнирана да ги спречи луѓето да повикуваат на насилство и дека оној што го прави тоа мора трајно да се отстрани.

Твитер го отстрани профилот на Доналд Трамп откако неговите приврзаници минатиот месец упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол Хил.

Профилот на Трамп беше суспендирана поради „ризик од понатамошно поттикнување на насилство“.

Слични содржини