На вчерашната седница имаше сцени кои не му доликуваа на Судскиот совет, порача Пендаровски

од Nikola Popovski
110 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски оцени дека вчера на седницата на Судскиот совет се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

-Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем, потенцира претседателот.

Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, Пендаровски информира дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија.

Слични содржини