Велики петок е најтажниот и најтешкиот ден за Божјиот Син Исус Христос. Тој бил испрашуван,без вина, а римскиот намесник Понтиј Пилат, поттикнат од толпата која громогласно извикувала “Распни Го”, му пресудил.
Велики петок е најтажниот и најдраматичен ден за сите христијани. Исус мора да одговара на местени прашања на Синедрионот, за да биде обвинет за богохулење и суден според еврејските закони. Откако не успеваат со оваа стратегија, судиите Го обвинуваат дека се нарекол Цар еврејски и подготвува бунт против римското управување и провинција Јудеја. Така тие Го пренесуваат на суд на римскиот легат во покраината Понтиј Пилат. Тој исто така ги смета обвинувањата за лажни и предлага да Го ослободи, но толпата која се собра пред неговата палата вика: “Распни го, распни го”. Тоа е истата таа толпа, која во неделата скандираше во екстаза “Осана, Осана”.
Пилат си ги изми рацете, за да не падна крвта на Христа на него и Го предава на војниците. За потсмев тие ставаат врз главата Негова трнов венец наместо круна и Го поведуваат кон Голгота – место на черепи, распнување на разбојниците и непријателите на империјата.
Со тешкиот крст, со изранени нозе и облиени со пот и крв лице, Исус го оди последниот пат кон ридот Голгота. Сочувствувајќи Вероника му го брише лицето Негово со крпата и ја фрла врз ќерамидите на оградата долж која минуваат. Така се појавуваат првите неракотворни слики на Спасителот – “Свети крпа” / “Светото покривало за глава” / и “Светите Огноотпорни садови” / од латинското тегула – плочка /.
На место напогибјето Христос е закован на Крстот и распнат меѓу двајца криминалци. “Беше третиот час и Го распнаа. Имаше натпис за вината Негова: Цар еврејски. Со Него распнаа и двајца разбојници, од двете страни. И се исполни Писмото, кое вели:” и вброија го него меѓу беззакониците “…. Марко, 15: 25-28
Гетсиманија – молитва и страданија
Ден пред тоа Исус Христос вообичаено се молел насамо, давајќи ни пример и нам за индивидуалната, лична молитва. Многу е значајна Неговата молитва во Гетсиманија пред да биде фатен и изведен на суд, а потоа, неправедно осуден на смрт, измачуван и распнат (Марко 14,32-42; Матеј 26,36-46; Лука 22,39-46; Јован 17 глава).
Он, бидејќи Бог, знаел сè што ќе се случува, но затоа што бил и вистински човек, Неговата човечка природа, во Гетсиманија, ја преживеала Голгота.
Спасението на човечкиот род не би било извршено без Неговата молитва во Гетсиманија, во која кулминирале Неговите душевни страдања за нас и место нас; страдања предизвикани само од нашите гревови и претрпени заради нашите гревови – за гревовите на сите луѓе од сите времиња, а кои Он како Богочовек доброволно ги примил врз Себе.
Пред жртвениот подвиг на Голгота, Спасителот бил во неискажливи маки во Гетсиманија. Таму жалел со жалостите и умирал со смртта на сите луѓе, молејќи Му се на Отецот, и тоа пред Своите тројца најверни ученици: Петар, Јаков и Јован, како што предвидувал Законот – двајца или тројца сведоци (5. Мој. 19,15). Тие биле сведоци за Неговите искупителни, душевни страдања, а пред нив Он и се преобразил (Матеј 17,1-2) и во нивно присуство ја воскреснал Јаировата ќерка (Лука 8,51).
Христовото тагување и страдање во Гетсиманија е израз на човечката природа во Богочовекот. Неизмерни биле Христовите страдања во Гетсиманија, бидејќи неизмерна била и грешноста на луѓето, која Он ја зел врз Себе и Му предизвикала големи болки. Големи биле Неговите гетсимански маки, бидејќи во Него и преку Него плачела и барала спасение целата човечка природа.
Вообичаено, во Христово време, на Исток, а особено меѓу Евреите, луѓето се молеле стоејќи, со подигнати раце кон небото (1.Тим. 2,8; Лука 18,11 и 13). Овде се вели, Господ Исус Христос „падна на земја и се молеше“. Молитвите и молењата со приклонети колена на земја, биле израз на духовна тежина и внатрешна борба и тие биле ретко практикувани (спореди: 4. Мој. 16,22).
Евангелистот Лука ја покажува психолошката-духовна борба и реакцијата на телото со изобилство на пот и капки крв, како израз на тешката душевна борба. Дека Спасителот во Гетсиманија многу пострадал заради гревот на сиот човечки род и тоа со страданија какви што не страдал никој, сведочи и евангелскиот опис дека „потта Му била како капки крв“.
Тоа го предизвикала човечката природа во Христа, која сосема природно реагирала во моментот на предавството, фаќањето, врзувањето, бичувањето, плукањето, страдањето и смртта. Сето ова било појако изразено во Неговата човечка природа, зашто Господ Исус Христос знаел сè што Го чека, а тоа и го предрекол пред Своите апостоли (Марко 10,32-34). Он знаел за сето тоа и за сè што ќе се случи од Гетсиманија до Голгота – до Неговиот последен крик на крстот: „Се сврши!“ (Јован 19,30).
Со истите зборови и во Гетсиманија рекол: „Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници“ (Марко 14,41). Предавникот бил сосема близу. Хрисос рекол: „Станете да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“ Тоа не значи да бегаме, туку да се сретнеме со непријателите; да тргнеме по долгиот пат; да одиме по патот на страданијата – до Голгота!
