На влез во Словенија фатен еден од Хрватите осомничени во случајот со Зеќири

од Nikola Popovski
250 прегледи

Уапсен е хрватскиот државјанин Данијел Иванагиќ кој се бараше со меѓународна потерница, а е осомничен во истиот случај со поранешниот генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Тој бил уапсен на граничен премин при обид за влез во Словенија, каде се наоѓа во екстрадициски притвор.

Зеќири како поранешен генерален секретар на владата е осомничен за злоупотреба на службената должност, при што е направена штета во буџетот за речиси 800 илјади евра.

„Во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба, првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што, со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за консултантската куќа од Хрватска прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на буџетот на С. Македонија. Износот бил поголем за 145.400 евра, бидејќи договорениот износ за вршењето на консултантски услуги бил 795.000 евра“, стои во соопштението од Обвинителството.

Зеќири моментално се наоѓа во домашен притвор.

Слични содржини