На Зеќири повторно ќе му се суди, укината пресудата

од Nikola Popovski
63 прегледи

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05.06.2024 година, на ден 06.09.2024 година, донесе одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот, поранешен генсек на Владата, Мухамед Зеќири од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката.

-За се останато што е во интерес на јавноста, а врзано за конкретниот предмет, Ве известуваме дека одлуката на Апелациониот суд Скопје КОКЖ- 16/24 во целост е објавена и достапна на веб-страницата на судот, информираа од надлежниот суд.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на 2.5 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и ќе треба да врати над 71 милион денари (над еден милион евра) во државниот буџет. Ова е неправосилната пресуда која што ја донесе кривичниот суд во Скопје. На Зеќири му се судеше поради договорот со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт. Според обвинението, тој направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

Со оглед на тоа што во пресудата ќе биде пресметано и времето што Зеќири го помина во притвор во Затворот во Шуто Оризари, а потоа и во куќен притвор, му остануваат уште неколку месеци за издржување на казната, по правосилноста на пресудата.

Зеќири изјави за медиумите дека пресудата е неоснована и најави жалба.

Слични содржини