Набавени 12 нови возила на итната медицинска помош

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Во текот на вчерашниот ден заврши постапката за набавка на нови возила за Брза помош. Набавивме 12 нови возила кои ќе бидат распределени насекаде низ државата.

Капацитетот на Брза помош во Скопје ќе се дуплира, на досегашните шест возила ќе додадеме уште шест и на тој начин веќе се приближуваме до просекот што го бара Светската здравствена организација (СЗО), за едно возило на 50.000 жители.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.