Началникот на Генералштабот на израелската армија: Го напаѓаме Хамас со сета сила, ги убиваме неговите водачи

од Stefanija Kuzmanovska
530 прегледи

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херци Халеви изјави дека израелските копнени сили се „многу добро подготвени“ за офанзивата на северот на Појасот Газа.

„Сакаме да го сведеме Хамас до неговата точка на исчезнување. Нивните водачи, нивното воено крило. Затоа напаѓаме со сета сила. Ги убиваме нивните високи команданти, оперативци, ја уништуваме нивната инфраструктура и сето тоа го правиме со голема решителност“, рече Халеви, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека маневарот за офанзива на југ е добро подготвен.

Зборувајќи за очигледното одложување на копнената офанзива, Халеви рече дека постојат „тактички, оперативни и стратешки размислувања“ кои ѝ даваат повеќе време на израелската војска.

„Нашите сили ќе имаат повеќе време да се подготват подобро и тоа е она што го правиме сега“, рече Халеви.

Слични содржини