Началникот на полициската управа на Србија: „Осум повредени полицајци, еден денеска ќе биде опериран“

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Началникот на полициската управа на Србија, Ивица Ивковиќ, денеска изјави дека за време на инцидентите ноќеска и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадниците на МВР процесирале 38 лица и истакна дека прибирањето докази продолжува, а тој број сигурно ќе се зголеми во текот на денот.

Додаде дека припадниците на МВР биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.

„Воздржаноста на полицијата не треба ни да се коментира, со оглед на нападот кој траеше цели три часа, се со некаква надеж дека овој каприц и напад на хулиганство ќе престане. Ја проценувавме ситуацијата кога ќе интервенираме и кога требаше да се употреби дополнителни сили. Во 21 часот и 50 минути со самото појавување на припадниците на Жандармеријата, голем број од тие херои избегале од местото на настанот. Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон“, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека најголемиот број од тие лица се осомничени за сторено кривично дело повикување на насилна промена на уставниот поредок, член 309 од Кривичниот законик на Србија и насилничко однесување на спортски настан, член 344а од Кривичниот законик на Србија.

„За жал, имаме дел од припадниците на МВР кои се повредени, вкупно осум. Во текот на денешниот ден се очекува на еден наш член да му биде извршена операција во Клиничкиот центар на Србија. Двајца полицајци се со тешки повреди, а денеска се очекува и еден од нив да биде опериран“, рече Ивковиќ.

Слични содржини