Над 10.000 луѓе починаа од коронавирус во Русија

од Vladimir Zorba

Бројот на смртни случаи во Русија од последиците на Ковид-19 надмина 10.000, соопшти кризниот центар надлежен за борба против коронавирусот.

Уште 168 лица починаа во последните 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на вирусот достигна 10.027.

1,4 проценти од заразените умреле во земјата, што е приближно три пати помалку од светскиот просек, јавуваат руските медиуми.

Во Русија, потврдени се уште 6.632 случаи на коронавирус во последните 24 часа, така што вкупниот број заразени е 674.515.

Бројот на заразени е веќе помалку од 7.000 за деветти ден, според агенцијата ТАСС. Од вирусот досега се опоравиле 446.879 лица.

Слични содржини