Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека од јули 2016 година досега биле приведени 113.260 луѓе поврзани со мрежата на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.Турските власти сметаат дека тој е организатор на обидот за пуч на 15 јули минатата година.
Во интервју за локална телевизија, тој рече дека во моментот во притвор се 47.155, додека ослободени се 23.861 лица. Околу 49.000 се пуштени под судска контрола, а 863 луѓе се во бегство.
Министерот додаде дека во изминатите неколку месеци преземени се 12.500 операции против нелегалната ПКК при што се уништени 887 бази на бунтовниците.