Над 120.000 граѓани се пријавиле за вакцинација

од Nikola Popovski

Од Министерството за здравство информираа дека заклучно со денеска вакцина против коронавирус примиле 3.028 здравствени работници.

„Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија“, соопштуваат од Министерството.

Според нив, за вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.800 граѓани, а 47.569 преку матичен лекар.

Министерството во текот на денот извести компанијата Фајзер-Бионтек треба да ѝ испорача на Македонија 800.280 дози вакцини во текот на оваа година. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи овој месец кога ќе бидат испорачани 21.060 дози вакцини.

Слични содржини