Над 13 000 активни случаи: Скопје, Тетово и Куманово со најмногу заразени

од Берта Китинска
296 прегледи

Бројот на заразениполека се намалува, но борјот на починати е се уште двоцифрен.

После Скопје, градови со најголем број заболени се Тетово со 1 016 случаи и Куманово каде има 914 активни болни од ковид-19.

Троцифрен е бројот на активно болни и во Дебар – 144, Кочани – 137, Радовиш – 119 и Свети Николе и Ресен каде како активно болни се водат по 109 лица.

Вчера ИЈЗ во дневната статистика објави 41 починато лице, од кои само 24 пациенти починале во изминатото деноноќие. Останатите 17 пациенти починале во изминатите неколку недели во приватни болници или во домашни услови, но за нив пријавувањето може да е со задоцнување бидејќи е прeку матични лекари.

Од вкупно 41 починати пациенти, само 11 биле без хронични заболувања, 29 од нив се со повеќе од две хронични заболувања, а сите имале кардиолошки болести. Од вчера пријавените за починати 41 пациент, 2 биле вакцинирани и овие пациенти имале болести на срцето и дијабет. Уште еден пациент кој починал во приватна болница бил вакциниран и имал кардиолошко хронично заболување.

Ова е уште еден показател дека вакцините се клучни за заштита од Ковид 19, односно единствен начин да не се развие тешка клиничка слика или боледувањето да заврши со смртен исход. Не станува збор за грешка при лекување на пациенти со ковид, на дневно ниво се разговара за состојбата на пациентите во болница како и за починатите,во каква состојба се хоспитализирани, како напредувала формата на болеста, каква терапија им се давала, со какви хоринични заболувања биле.

КИБФС веќе прави опсежна анализа, и податоци од истата ќе бидат објавени, кога ќе се заврши.

Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052.

Слични содржини