Над 20.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ за првите 10 дена, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски. Денеска заедно со потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски во Кочани го следеа овој процес и поразговараа со граѓаните, членовите и симпатизерите на СДСМ.
„Задоволни сме од транспарентноста, демократскиот капацитет и начинот на којшто се реализираа оваа акција, почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето. Социјалдемократски сојуз на Македонија се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните. Оваа порака им ја упативме и на граѓаните од македонскиот исток и задоволен сум што позитивно гледаат на овие промени во СДСМ. Благодарни сме на поддршката од граѓаните, тоа е наш мотив да продолжиме по вистинскиот пат на реформи“, вели тој.