Над 200.000 туристи ја посетиле Македонија во јули годинава

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за 11.5 %.

од Vladimir Zorba
23 прегледи Фото: Локално

Во јули 2025 година бројот на туристите изнесува 209 932, а на ноќевањата 770 733, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1 % се домашни, а 57.9 % се странски.

Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 % се од домашните туристи, а 30.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2 %, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 15.1 %.