Над 15.000 патници влегле, а над 16.000 излегле на граничниот премин „Табановце“ за време на продолжениот празничен викенд, информираа денеска од МВР. На граничниот премин „Пелинце“, пак, влегле над 5.000 лица, а излегле над 1.700.
Според податоците на граничниот премин „Табановце“, од полноќ од 2/3 август годинава до денеска до 11:00 часот, во државата влегле 15.071 патници, од кои 6.443 македонски државјани, а 8.628 странски државјани. Излез оствариле 16.737 патници, од кој 9.685 македонски државјани, а 7.052 странски државјани.
И лани бројката на влез и излез е слична како и оваа година. Споредено со лани (2023) според податоците на МВР, во истиот временски период на ГП „Табановце“ влез оствариле 8.190 македонски државјани, 13.172 странски државјани, излез оствариле 21.362, од кои 11.349 македонски државјани, 9.144 странски државјани или вкупно 20.493 граѓани.
Километарски колони на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“. Се чека дури над 4 часа да се влезе во Грција. Фотографиите што ги испраќаат српските туристи додека се заглавени во колоната возила се застрашувачки.
Од АМСМ велат дека освен на овие два гранични премини и на Табановце има огромни гужви додека на другите премини нема подолги задржувања.
Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен за овие денови, во екот на годишните одмори.