
Бројот на заболени од коронавирусот во Србија се зголеми за нешто повеќе од 4.000 за само еден ден, што предизвика многу сомнежи, а заменик-директорот на Институтот Трампилин, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, одговори дека немало непрофесионални или немедицински причини за тоа,пренесоа медиумите кај нашиот свеверен сосед.
Причината, вели д-р Кисиќ Тепавшевиќ, е ново рекласифицирање на позитивите за вирусот.
Таа вели дека во петокот е донесена одлука во Кризниот штаб тековниот строг пристап кон надзорот на Ковид-19 да се „релаксира“.
Имено, како што вели за „Танјуг“, на седницата на Кризниот штаб, било решено дека еден негативен PCR тест е доволен за асимптоматски пациенти, наместо претходните два, за една личност да се смета за здрава, и дека е скратено времето за следење на текот на болеста.
На веб-страницата во петокот беше објавено дека бројот на излекувани лица е 6.931, додека еден ден подоцна тој број веќе изнесува 11.056.