Детектор: Над 40 отсто од граѓаните сметаат дека ќе се заразат со коронавирусот

од Vladimir Zorba

Над 40 отсто од граѓаните стравуваат дека ќе се заразат со коронавирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Коронавирус

Според него, 10,2% од граѓаните сметаат дека најверојатно ќе се заразат со коронавирусот додека 31% сметаат дека можеби ќе се заразат.

24,1% се на ставот дека веројатно нема да се заразат, додека 12,1% се сигурни дека нема да се заразат.

Над една третина или 35,6% од анкетираните велат дека граѓаните генерално се придржуваат од препораката да не излегуваат од дома ако не се чувствуваат добро. 25,1% сметаат дека оваа препорака само донекаде се почитува додека 22,8% сметаат дека препораката не се почитува. 34,9% сметаат дека граѓаните се придржуваат до препораките за избегнување на физички контакти, 28,9% се на ставот дека тоа го прават донекаде, додека 24,8% сметаат дека оваа препорака на се почитува.

Близу третина од граѓаните или 30,6% сметаат дека генерално се почитува препораката да не се излегува од дома без потреба. 29,3% се на ставот дека оваа препорака делумно се почитува додека 29,4% се на ставот дека препораката да не се излегува од дома без потреба не се почитува. 29,1% од анкетираните граѓани велат дека граѓаните генерално се придржуваат до препораките за носење маски и ракавици надвор од својот дом, 31,3% сметаат дека оваа препорака донекаде се почитува а 27,8% сметаат дека не се почитува.

Граѓаните велат дека не се почитуваат препораките за одговорно пазарење. 39,2% од анкетираните имаат ваков став. 26% сметаат дека оваа препорака се почитува а 24,2% сметаат дека таа се почитува но само донекаде.

Слични содржини