Вкупно 34 мигранти беа пронајдени на плажа во југозападниот дел од грчкиот остров Крит денес, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“.
Мигрантите пристигнаа со брод на плажа на островот. Поголемиот дел од групата тврдеше дека е од Судан и Египет. Меѓу нив имало и жена и шест деца.
Откако ќе заврши процесот на регистрација и идентификација на мигрантите, тие ќе бидат испратени во центар за мигранти во главниот град на Крит, Хераклион.
Грчката полиција пронајде уште 33 мигранти на плажа во југоисточниот дел од островот Родос, со 12 жени и 13 деца во групата.
Телото на еден маж беше пронајдено и во близина. Крајбрежната стража започна прелиминарна истрага и нареди обдукција.