Над 6000 македонски граѓани го посетиле Белград во месец јуни

од Nikola Popovski

Во месец јуни, главниот град на Србија го посетиле вкупно 56.142 туристи, а од вкупниот број 13. 215 биле домашни гости и дури 42.927 странски туристи.

Најголем број ноќевања во јуни 2021 година остварија туристите од Индија – 12.652, Русија – 9.851, Босна и Херцеговина – 9.738, Турција – 8.138, Црна Гора – 6.363 и Северна Македонија – 6.011.

Според податоците на Секретаријатот за администрација, бројот на туристички пристигнувања во јуни годинава, во споредба со истиот месец минатата година, е поголем за 181 отсто, додека бројот на ноќевањата е поголем за 177 отсто.

Исто така, бројот на пристигнувања на странски туристи во јуни, во споредба со јуни 2020 година, е поголем за 283 проценти, додека бројот на ноќевањата е поголем за 309 проценти.

Слични содржини