Над 84 илјади вработени во администрација ќе добијат К15 по 11.000 денари

од Nikola Popovski
44 прегледи

Од Владата утрово информираа дека иако нивните претходници од централната власт не предвиделе средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс оваа власт обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Вака стои во соопштението утрово од владината прес-служба.

Според Владата, со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

-Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, стои во соопштението од утрово.

Уште на почетокот на месецот, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември.

Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.

Во однос на барањето на синдикатите за средба за зголемување на минималната плата, рече дека се подготвени да разговараат со сите врз основа на реалните можности на Буџетот.

Слични содржини