360
Бројката на починати од коронавирус од почетокот на пандемијата надмина 9000, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство. Само во последните 24 часа, регистрирани се нови 7 смртни случаи.
Црниот биланс покажа 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај сите биле регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на смртни случаи изнесува 9.001.