Над тон и пол марихуана откриени во Албанија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Торби со марихуана откриени од полицијата

За едно деноноќија албанската полиција заплени 1,6 тони марихуана и 2 килограми хероин во текот на неколку акции, соопшти албанската телевизија Топ ченал. Над 1,2 тона марихуана се откриени од крајбрежната стража на островот Сазан.

Акцијата  беше извршена заедно со италијанската полиција. Други 166 килограми беа откриени во торби во планината Шуга. Пред тоа во околината на главниот град Тирана беа пронајдени 207 килограми од наркотични растение и беше уапсено едно лице. Уште 60 кг беа фатени кај други две одделни акции. Хероинот, пак, беше откриен при проверка на автомобил на граничниот премин Капштица.