Актуелно
Почетна / Македонија / Надминување на прагот на алармирање во Скопје и Тетово, се очекува активирање на мерките за заштита

Надминување на прагот на алармирање во Скопје и Тетово, се очекува активирање на мерките за заштита

На две мерни станици во Скопје, во Карпош и Лисиче и Тетово во последните два дена среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките има појава на надминување на прагот на алармирање за концентрациите,  односно се исполнети услвоите за активирање на мерките за заштита од загадување.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира Владата согласно уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и дологорчни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и добиената временска прогрноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките измерени на 25 јануари во Карпош изнесуваат 193,29, во Лисиче 243,74 и во Тетово 188,24 микрограми на метар кубен, на 26 јануари во Карпош 177,14, Лисиче 245,84 и во Тетово 185,05 микрограми на метар кубен.

За активирање на мерките за заштита треба во два последователни денови да има надминувањето на вредноста од 175 микрограми на метар кубен.

И мерењата од ноќеска покажуваат високи концентрации на ПМ 10 честичките. Во Центар е регистрирано највисоко ниво од 205 микрограми, а утрово според последното мерење е 194 микрограми, во Карпош концентрациите достигнале до 195, последното мерење е 179 микрограми, во Лисиче највисоката концентрација денеска е 340, а утрово последните мерења покажуваат 170 микрограми и кај Ректорат се измерени највисоките концентрации од 407 микрограми на метар кубен.

Во Тетово во текот на денов се измерени највисоки 18 микрограми на метар кубен.

Мерките што треба да ги активира Владата предвидуваат ослободување од работа на бремени лицата постари од 60 години и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Сите правни субјекти да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, како и да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и акционерските друштва во државна сопственост и општините да ја намалат до 50 отсто употребата на службените возила.

Да се зголеми активноста на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, и да се задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до Институтот за јавно здравје за број на повици, според дијагноза, пол, возраст, место на живеење и општина, за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сè до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Да се спроведуваат контроли на индустриските објекти со А интегрирана дозвола, со контролни мерења на емисиите на загадувачките материи во акредитирана лабораторија, за да се утврди дали се применуваат пропишаните услови по однос на емисиите во воздух. И се препорачува капацитетите со А интегрирана дозвола да го намалат производството за 50 отсто.

loading...