Нафтените гиганти на нозе поради електричните автомобили

од desk3
88 прегледи

Најголемите производители на нафта во светот се збунети и веќе гледаат многу сериозно на заканата од електричните автомобили. OPEC за над  5 пати ги зголеми предвидувањата за бројот на електричните автомобили  во 2040 година, а гигантите Exxon Mobile и ВР исто така ги ревидираат оценките од минатата година, тврди истражување на Bloomberg New Energy Finance објавено пред една недела. Очекувањата на лондонската агенција се дека овие автомобили ќе ја намалат побарувачката на нафта од 8 милиони барели дневно до 2040 година, што во моментов е комбинираното производство на Иран и Ирак. Постојаното зголемување на популарноста на електричните автомобили ќе ја стави целата нефтена индустрија под сериозната закана која ќе го намали драстично профитот и прометот на оваа индустрија, која до денес е еквивалентно на над $ 700 милијарди годишно.

Очекувањата на BNEF се дека продажбата на електрични автомобили ќе ги надминат бензинските и дизел автомобили до 2040 година, што ќе биде резултат на брзиот пад на цените на литиум-јонски батерии. Извештајот на BNEF предвидува до  2040 година на патиштата во светот да има 530 милиони Plug-in автомобили, што ќе биде 1/3 од вкупниот број автомобили на планетата. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК)  минатата година предвиди дека во 2040 година на патиштата ќе има само 46 милиони автомобили. Но, 12 месеци подоцна таа нивна пресметка е помножена со пет и сега ОПЕК предвидува дека овој број ќе достигне 266 милиони., што е над 500% раст во очекувањата, но и два пати помалку од анализата на BNEF. Според пресметките на ОПЕК автомобилите со батерии ќе сочинуваат 12% (по 23 години) од вкупниот микс, што е 6 пати над 2-та проценти во 2015 година. Групата, во чиј состав влегуваат 14 земји, очекуваат двојно намалување на дизел автомобилите наспроти предвидувањата една година порано. Очекувањата на други организации и компании не се толку храбри како на ОПЕК и BNEF. Меѓународната агенција за енергетика смета дека во 2030 година електрични автомобили ќе  има 58 милиони. (Од 23 милиони воо нивните претходни пресметки). Exxon Mobil проценува дека електрични автомобили ќе има 100 милиони. Кон 2040 година (од 65 милиони во нивните претходни пресметки). Анализите на BP исто така покажале 100 милиони  ЕV кон 2035 година, раст од 40% во однос на пресметките година порано. Според истото истражување на Bloomberg New Energy Finance, плановите на светските топ производители на светот предвидуваат продажба на 6 милиони електрични автомобили годишно до 2025 година, иако оваа бројка треба да скокне до 8 милиони во 2030 година.