Нафтогас: Нападите ги оштетија украинските капацитети за производство на гас

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Руските ракетни напади оштетија или уништија некои од постројките за производство на гас во Украина, соопшти денеска државната енергетска компанија „Нафтогас“.

Извршниот директор на „Нафтогас“, Олексиј Чернишов, изјави дека Русија извршила „масовен напад“ врз инфраструктурата на компанијата за производство на гас „Украгасдобича“ во источна Украина, пренесе „Ројтерс“.

„Во моментов знаеме за неколку објекти кои се уништени. Други претрпеле оштетувања од различен степен“, изјави директорот на „Нафтогас“.

Слични содржини