Награда од по 30 илјади денари за пожарникарите кои помагаа по земјотресот во Турција

од Nikola Popovski
201 прегледи

Награда од по 30 илјади денари ќе добијат кавадаречките пожарникари кои помагаа по земјотресот во Турција, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Денеска Општина Кавадарци по одлука на Совет, на иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет д-р Стојанче Рамов, ќе им исплати парична награда во висина од 30.000 денари на деветтемина пожарникари, за вонредно залагање и постигнати исклучителни резултати во работење, кои без размислување заминаа во спасувачка мисија во регионот погоден од катастрофалниот земјотрес во Република Турција, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму изразија благодарност за трудот и пожртвуваноста, вредностите на солидарност и хуманост, постапувајќи со професионализам и помагајќи кога е тоа најпотребно.

Слични содржини