Додека илјадници луѓе секојдневно се соочуваат со предизвикот да се прехранат, тони од храна се фрлаат на буништа. Поразителната статистика ги мобилизираше активистите. Неколку здруженија обединети под мотото “Нахрани 1000“ организираат донаторска акција за одбележување на 17-ти октомври, светскиот ден за борба против сиромаштијата, информира ТВ24.

Според официјалните податоци, скоро 450 илјади граѓани можат да си дозволат само еден оброк дневно. Во оваа бројка влегуваат и лица кои се вработени и земаат плата, меѓутоа таа не им е доволна ниту за прехрана на семејството.
„Не се само сиромашни бездомните, туку и пензионерите и оние со пониски примања. Откако ќе се платат сметките, не им останува за храна.“ – вели Блаже Јосифовски – „Ајде Македонија“
Додека илјадници граѓани буквално гладуваат, Македонија се искачи на седмото место во светот според количините храна која завршува на депониите. – Годишно фрламе храна колку, на пример, едно Кочани да јаде бесплатно 365 дена, илустрира претседателот на организацијата „Банка за Храна на Македонија“.
– Македонија фрла огромни количини храна. Таа количина е доволна за да се хранат повеќе од 15 илјади семејства за цела година. Бројката на гладни пак, е далеку поголема од официјалната, бидејќи повеќе од половината луѓе ја кријат сиромаштијата и не се осудуваат да молат за леб.“ – вели Душко Христов – „Банка за Храна на Македонија“.
Здруженијата и граѓанските иницијативи потенцираат дека тие можат активно да се вклучат во помагање на најранливите категории, меѓутоа велат дека потребни се системски решенија. Најавија дека ќе се залагаат за регулирање на ова прашање, односно да се донесе закон за донирање