Утре во 10 и 30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде најавена независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ за локалните избори за 2021 година за општина Центар.
„Шанса за Центар“ е граѓанска иницијатива која произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општина Центар.
На прес-конференцијата ќе зборуваат: Јана Белчева Андреевска (Носител на листата на советници), проф. д-р Дивна Пенчиќ (кандидат за советник), Јане Димески (кандидат за советник).
„Главна цел на „Шанса за Центар“ ќе биде Општината да се развие по мерка на граѓаните, каде политиките ќе се носат отворено и ќе бидат базирани на анализи и податоци. Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на делување на избраните советници.
Најважните заложби на „Шанса за Центар“ се потребите на граѓаните! Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината! Да покажеме дека ЗАЕДНО можеме РАЗЛИЧНО! ЗА ГРАЃАНИТЕ во ЦЕНТАР!“, се вели во најавата, потпишана од Јана Белчева Андреевска.