Познатиот шпански режисер, Педро Алмадовар, признава дека за време на пишувањето на сценариото за филмот „Болка и слава“ не слушал музика со текст. Тој вели дека бил фокусиран на дијалозите, и не сакал надворешни влијанија, пренесува Елпаис. Тој со овој филм сака повторно да ги спои неговите омилени актери Антонио Бандерас и Пенелопе Круз. Филмот е во пост продукција, а според ИМДБ филмот е во предпродукција со најава на актерската екипа и филмскиот тим.

Алмадовар е режисер со силно влијание во филмската уметност во креирање на совршена нарација и визуелен концепт.