Најавен проект против загадувањето на воздухот за Скопје, Куманово, Битола и Тетово

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, истакна дека во моментов се почнува нов проект, со кој се опфаќаат општините Скопје, Куманово, Битола и Тетово, кои се четири позагадени градови.

-Имаме повторно мерки за замена на нееколошки системи за греење, со еколошки системи за затоплување, некаде околу пет и пол милиони евра. Тоа е значителна сума на пари, иако станува збор за четири општини, ќе набавиме и неколку еколошки автобуси за град Скопје, исто во рамките на проектов, мислам дека се пет или шест автобуси и ќе одиме повторно со зазелување на нови зелени површини во овие четири општини, рече Шукова.

Таа истакна дека апелираат и општините во своите буџети за 2024 година да предвидат средства за субвенционирање, особено домаќинствата за замена на грејните тела во еколошки.

Шукова вели дека и како министерство размислуваат во 2024 година да финансираат за вакви мерки, а апелот до граѓаните постојано го упатуваат да не се горат пластики, отпадни масла и паркети и секој ако придонесе по малку, како што вели Шукова, ќе добиеме едно цело.

Слични содржини