Најавена нова чешка инвестиција во земјава

од Nikola Popovski
286 прегледи

Денес премиерот Зоран Заев, заедно со амбасадорот на Чешката Република во земјава, Мирослав Томан, ќе најават нова инвестиција во Македонија во информатичко-технолошката индустрија.

Според соопштението на владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и директорот за ИТ инвестиции во групација „Арикома“ Михал Томанек и Игор Лештар, управен директор на групацијата „Сивус“.

На прес-конференцијата ќе биде најавен формалниот почеток на нова чешка инвестиција во земјата, а ќе бидат презентирани и претстојните планови во информатичко-комуникациската технологија.

Слични содржини