Најавите за владини реклами во медиумите се следат одблизу од Европската комисија

од Nikola Popovski

По најавите на новинарската фела во Северна Македонија дека се разговара за повторно воведување владини реклами во медиумите, Европската комисија потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени.

ЕК соопштила дека не навлегуваат во детали додека не се официјализира одлуката, но ја следат ситуацијата.

„Ја следиме ситуацијата. Секоја промена на медиумското законодавство треба да биде во согласност со законите и стандардите на ЕУ. Тие бараат широк политички консензус и консултации со главните чинители“, изјавила портпаролката на ЕК, Ана Писонеро за МИА.

Писонеро потсетила дека во извештајот на Комисијата во 2021 веќе се нотирани забелешките и загриженоста на медиумските здруженија во Северна Македонија за можни амандмани на членот 102 на законот за АВМУ за да се дозволи повторно државно рекламирање „од јавен интерес“.

Како што објаснуваат од Европската комисија овој пакет на мерки е дел од поширокиот акциски план за европска демократија, чија цел е да се зајакнат мерките за фер и слободни избори, независни медиуми и зголемување на демократското учество, меѓу другото.

Слични содржини