Најбогатиот Кинез Џек Ма најави дека ќе донира милиони маски и 500.000 сетови за тестирање на коронавирусот во САД, пишува Unilad.
Ма е ко-основач на онлјан купувањето Алибаба и се проценува дека неговото богатство изнесува 39,9 милијарди долари.
Милијардерот својата донација ја објави на Твитер и на кинеската страница Weibo денеска откако претседателот Доналд Трамп објави 30-дневна заврана за патување од Европа во САД.
Донацијата се врши преку Фондацијата Џек Ма, а во изјавата која ја споделил со јавноста рекол дека залихите се веќе подготвени за праќање.
„Врз искуствата на сопствената земја, брзо и прецизно тестирање и одговарачка лична заштитна опрема за медицинските експерти се најдобри во спречување на ширењето на вирусот. Се надеваме дека нашата донација може да им помогне на Американците во борба против пандемијата!“, пишува во изјавата.
Through a donation of 500,000 testing kits and 1 million masks, we join hands with Americans in these difficult times. pic.twitter.com/tGviVhC6Gx
— Jack Ma Foundation (@foundation_ma) March 13, 2020