Најчевска: Левица пред да дојде во договор со ВМРО-ДПМНЕ, нека помисли на спомениците од Скопје 2014

од Nikola Popovski

Дали мислите дека доколку дојде на власт ВМРО ДПМНЕ олицетворено во Данела, ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014. Дали Левица рачуна на тоа во договорот за коалиција со ВМРО ДПМНЕ?, прашува граѓанската активистка и професорка Мирјана Најчевска.

Таа во својот статус на социјалните мрежи додава и уште неколку прашања до најголемата опозициска партија.

-Кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО ДПМНЕ доколку дојде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка? Мислам на оние заради кои акавме по улици? Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ за во било кој момент да посакам повторно да биде на власт?, стои во објавата на Најчевска.

Слични содржини