Мирјана Најчевска од Институтот за политички, правни и социолошки истражувања истакна дека денес дебатираме за промена којашто требаше да се случи уште пред 30 години кога се осамостоивме како држава.
“Образованието требаше да го смениме уште кога ја сменивме целата вредносна рамка на општеството, а ние тоа не го направивме”, рече Најчевска.
Најчевска истакна дека новата концепција ја содржи Конвенцијата за правата на детето.
“Токму затоа во оваа концепција го гледам најдобриот интерес на децата којшто некогаш е напротив интересoт на возрасните, на наставниците, директорите, на партиите. Токму во оваа Концепција гледам создавање на слободни и одговорни граѓани”, рече Најчевска.
Најчевска истакна дека Концепцијата е пишувана за деца на возраст од 6-15 години кои не ги учиме за суштината на науките.
“Основното образование е првично упатство за живеење во човековата заедница. Тоа е прв прирачник за ориентација во просторот и времето. Детето во основното образование треба да научи да анализира и да критикува и тоа го нуди оваа концепција” рече Најчевска.