Професорката Мирјана Најчевска, коментирајќи го синоќешното гостување на Сител ТВ на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја обвини градоначалничката Данела Арсовска дека таа го иницирала нападот на припадници на МВР.
– Се поставува прашање, да не случајно жртвата која се прикажува во јавност е токму оној кој предизвикал физички напад. Да не испадне на крајот такво нешто, рече Тошковски во интервјуто.
„Оваа изјава како прво треба да ја осудат сите невладини организации кои ги бранат правата на жената. Второ, треба да реагираат сите организации на жените во рамките на политичките партии (на чело со онаа на ДПМНЕ и посебно на партиите во кои членуваат мнозинство етнички Албанци). Трето, треба да реагираат Омбудсманот и Комисијата за заштита од дисктиминација. Четврто, мора да се побара оставка од министер за внатрешни работи кои промовира и штити насилство над жена“, сподели Најчевска по повод изјавата на Тошковски.