Најчевска прашува дали промените кои се направени се бадијала?

од Vladimir Zorba

Сакате да кажете дека промените кои се направени а кои соодветствуваат на вредносниот систем на ЕУ се бадијала? Дали тоа значи дека сме ги правеле само да влеземе во ЕУ, а не затоа што ги разбираме и мислиме дека тој вредносен систем е она што може да го направи животот на граѓаните во Македонија подобар? – прашува Мирјана Најчевска на својот Фб профил.


И кажете ми колку граѓани од Македонија емигрирале во Кина или Русија, а колку во ЕУ државите, Канада или САД?  Дајте бре не цмиздредте туку засукајте ракави и да ја менуваме државата. – констатира Најчевска и порачува:
Сите криминалци во затвор.
Владеење на правото.
Непартиска администрација.
Судство ослободено од политиката и со судии кои имаат елементарни интелектуални капацитети да бидат судии.
Затворање на 90% од каменоломите.
Производство на струја од ѓубре.
Најчевска прашува зошто ни е ЕУ за да ги направиме овие промени?
ЕУ ви треба за да не фрлате ѓубре на улица?
ЕУ ви треба за да не барате запослување со партиска книшка?
ЕУ ви треба за да купувате дипломи?
ЕУ ви треба за да не купувате правосуден испит?
ЕУ ни треба за да направиме трамвај?
ЕУ ни го стави Анѓушев во Влада и она детето со големи очи за министер за финансии?
ЕУ ни стави учител од Кочани да раководи до Бирото за развој на образованието?
ЕУ ни ги испозапосли сите кретени по надзорните и управни одбори?
ЕУ …
Дајте бре малку прстот на чело. – порачува Најчевска.

Слични содржини