Најчевска: Пратениците ќе се спротивстават на Законот за дивоградби, ако имаат три чисти и кичма

од Nikola Popovski
369 прегледи

„Браво Пендаровски. Кога мислиш дека се е црно… Има надеж за државичево“, вака професорката и активистка Мирјана Најчевска ја коментираше одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите со објаснување дека текстот на законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот.

Според неа, сега се на ред пратениците.

„Еве имаат можност да се спротистават на неправото не со идиотски амандмани туку едноставно со тоа што нема да гласаат. Ако имаат три чисти и кичма“, стои во објавата на Фејсбук на Најчевска.

Во објаснувањето на претседателот Пендаровски се наведува и тоа дека со овој закон се стимулира непочитување на правните прописи.

„Фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, коешто е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност“, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Слични содржини