871
14-годишната девојка, Клара Т., која исчезна синоќа во населбата Илинден, е пронајдена. Полицијата, заедно со блиски роднини и пријатели, претпладнево го пребаруваше Скопје. Девојчето беше пронајдено кај Железничката станица во добра и стабилна здравствена состојба.
Клара беше пријавена за исчезната вчера околу 18 часот во Општина Илинден во Скопје. Апелот за нејзино пронаоѓање беше широко распространет на социјалните мрежи.
Мајката на Клара добила известување преку скриен телефонски број дека девојчето, по семејна расправија, заминало со автобус 63 од Илинден кон центарот на Скопје и ѝ било кажано дека девојчето ќе преспие на отворено.