Најдено е решение кај Момин Поток: Ќе се градат два нови кружни текови, надвозници и подвозници

од Nikola Popovski
234 прегледи

Денеска најавуваме уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај Момин Поток со два нови кружни текови, подвозници и надвозници на местото што е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Според неговата изјава, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено до 1965 година, па наваму.

„Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни текови, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина“, соопшти градоначалникот.

Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булевар „Словенија“ изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено лед булеварско осветлување, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница.

Слични содржини