Најдоа големо количество оружје и муниција во канал крај Блаце

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Службеници на МВР најдоа  муниција   и оружје во канал крај Блаце, во близина на регионалниот пат за Косово.

Од одделот за шверц во Скопје соопштија дека при проверката се идентификувани два рачни ракетни фрлачи на гранати М57, седум рачни гранати, пет запалки за рачни гранати, митралез со кинеско производство, митралез со руско производство, пушка АК 7 и вкупно 2141 куршуми калибар 7, 62 мм.

Со наредба од обвинител тие ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко – технички експертизи при МВР.

Македонските власти  презедоа активности за целосно расчистување на настанот, по што, во консултација со обвинителството во Скопје, следат мислења за случајот.