Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи голманот на италијанската репрезентација и Пари Сен Жермен – Џанлуиџи Донарума за најдобар голман за 2021 година. Тој „славеше“ пред Мануел Нојер од Баерн и Едуард Менди од Челси, додека Топ 5 се затвора со голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез и Јан Облак од Атлетико Мадрид.
Донарума, најдобриот играч на ЕП 2020 и европски првак, убедливо заврши пред Нојер во изборот за најдобар, кој пет пати ја освојуваше оваа награда. Донарума доби 170 поени, додека Нојер 75.
Новото признание за одличниот 22-годишен голман не менува многу што се однесува до неговата позиција во клубот. Да потсетиме, Донарума пристигна во ПСЖ во текот на летото како слободен играч откако му истече договорот со Милан. Досега за клубот има одиграно осум натпревари, од кои шест првенствени и два во Лигата на шампионите.
Дванаесет години постариот Кејлор Навас собра повеќе настапи во двете натпреварувања, девет во Лига 1 и три во Лигата на шампионите.