Многумина веруваат дека страста е минлива работа и дека по почетната фаза, медениот емсец, таа едноставно исчезнува. Но, тоа не мора да биде така.
Во некои случаеви, љубовниот оган само расте. За да се случи тоа, доколку им верувате на астролозите, потребно е да се спојат одредени хороскопски знаци.
Според нив, овие знаци имаат најстрасни љубовни врски:
Близнак и Стрелец
Позитивни, весели и склони кон авантура, Близнаците и Стрелците, се едни од најдобрите парови кои можат да се замислат. Двата знаци прилично се пролагодуваат, а бидејќи влегуваат со отворено срце, наоѓаат заеднички јазик. Тие имаат тенденција да живеат во моментот, им се препуштаат на ситуацијата во која се наоѓаат и секогаш бараат авантури.
Бик и Рак
Емотивци кои бараат сигурност и удобност на прв поглед можат да изгледаат многу досадно, но тие се одличен спој. Повеќето од времето со задоволство ќе го поминат во кревет, но нивната страст лесно се шири и надвор. Освен тоа, познати се по имагинацијата, па нема да им недостасуваат идеи за под покривките.
Овен и Лав
Кога ќе се спојат два огнени знаци, искри летаат насекаде. Иако и двајцата се многу силни личности, Овенот и Лавот се неверојатно компатибилни благодарение на самодовербата и сензуалноста која не им недостига. Нивната врска е исполнета со енергија, оптимизам и навистина многу акција во спалната соба.
Близнаци и Вага
Нивната љубов е се, само досадна не. Припадниците на овие знаци се неверојатно харизматични и друштвени и освојуваат со својата појава, а главна задача им е секојдневно да го совојуваат партнерот.
Водолија и Стрелец
Кога ќе споите двенестрашни, радознали личности, работите започнуваат да дивеат. Ретки се оние кои експериментираат како нив, така што нема сомнеж дека овој пар е склон кон тоа да се препушти на страстите. Но двајцата делат многу повеќе од привлечност. Водолиите и Стрелците ја ценат својата индивидуалност и слобода, а бидејќи го почитуваат својот личен простор, нивниот однос секогаш ќе биде свеж и возбудлив.
Рак и Скорпија
Припадниците на овие знаци во животот се водат по сопствените емоции, па не е поразлично ниту кога станува збор за љубовта. Тие бескрајно љубопитни личности секогаш ќе сакаат да научат нешто повеќе едни од други, а нивната врска со текот на времето ќе стане само поинтезивна и пострасна.