Жените признаваат дека сексот во бракот им е помалку монотон, но тоа не ги загрижува премногу, бидејќи од жешките игри меѓу чаршафите поважен им е заедничкиот одмор и релаксирањето.
Речиси 25 проценти од жените признале дека нивното поранешно момче било подобро во кревет отколку нивниот сопруг, покажува студијата на американскиот портал iVillage, спроведена на две илјади мажени жени.
Помалку од половина од нив сексот со сопругот го опишуваат како најдобар во животот, а речиси 66 отсто од припадничките на понежниот пол повеќе би сакале да читаат книга, да гледаат филм или да спијат, отколку да имаат секс со партнерот.
– Можеби тоа е затоа што сексот не им е најбитната работа во животот и имаат други приоритети. Нивниот живот е толку забрзан и стресен, така што одморот и опуштањето им се попотребни од жешките игри меѓу чаршафите, нагласи уредничката Лиз Зак.