Најдобро време за спиење: Зошто е најздраво да си легнете токму тогаш?

од Nikola Popovski
1,6K прегледи

Многу познати личности ја практикуваат оваа навика бидејќи им овозможува квалитетен одмор. Станува збор за рано легнување кое има многу позитивни ефекти врз умот и телото. Најдобро би било да си легнете околу 22 часот.

Најдлабокиот и најмирниот дел од нашиот сон е помеѓу 22 и 2 часот по полноќ што значи дека ако си легнеме рано, ќе бидеме наспани и одморени.

Телото се враќа во форма

Кога сме во циклус на длабок сон, нашето тело се третира со производство на соматропин – хормон за раст.

Оваа клучна активност ни помага да останеме во топ форма следниот ден, особено кога станува збор за физички активни луѓе.

Стресот е намален

Недоволното спиење може да создаде многу високи нивоа на хормонот на стрес, кортизол, во телото. Последица е создавањето на анксиозност.

Кога добро ќе се одморите и ќе го намалите тоа ниво на кортизол, ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Подобра контрола над емоциите

Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат доволно се генерално посреќни во животот.

Кога ни недостасува квалитетен сон, нашите емоции можат да бидат понестабилни затоа што е потешко да се контролираат.

Исто така, спиењето порано може да значи и порано будење, што може да биде важно ако сакаме да доловиме повеќе дневна светлина и серотонин – хормонот на среќата за подобрување на расположението, пишува порталот „Брајтсајд“.

Слични содржини