Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите, порача лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека е најдено уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите.

„Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери“, потенцираше Ковачевски.

Тој појасни дека со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.

Зголемувањето на платите за 78 отсто на над илјада функционери се случи со одлука Уставниот суд во март 2023 година, за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што се одмрзнаа платите на функционерите, кои што од 2014 година беа фиксирани. Претходно, нивните плати се одредуваа со коефициент (во зависност од функцијата) кој се множеше со фиксна основица од 26.755 денари.

Оттогаш, основицата е просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика.

Слични содржини