Непознати хакери украдоа милиони податоци од германските политичари, новинари и познати личности, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Весникот истакнува дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во досегашната историја на Германија.
Повеќе илјади податоци со делимично лични информации објавени се преку интернет, а за сега не е јасно кој ги украл тие податоци.
Единствено јасно е дека нападот е прекинат кон крајот на октомври, но никој не знае кога почнал.
СО хакерскиот напад погодени се политичари од речиси сите политички парии, без десничарксата АфД, чии податоци за сега не се објавени.
Меѓу жртвите на нападот е и претседателот на Германија Франк-Волтер Штајнмаер, но и познати уметници и новинари пред се од јавниот сервис ARD и ZDF.
Само во ARD најмалку 33 новинари биле погодени од хакерскиот напад.
Сојузната служба за заштита на уставноста (BfV) од синоќа покрена истрага во овој случај, и разменува податоци во врска со тоа со странски разузнавачки служби за да се влезе во трага на потеклото на хакерскиот напад.
Германските медиуми шпекулираат дека зад нападот може да стојат држави како Русија и Кина, затоа што наводно москва веќе со години спроведува масовни хакерски напади на Германија, а не може да се исклучи ни соработката со германските десничарски екстремистички групации.
Што се однесува на партиите најтешко е погодена владејачлката коалиција CDU и CSU – од 405 политичари на тие партии објавени се лични податоци.
Кај SPD хакерите објавија податоци за 294 политичари, а кај Зелените 105, Левицата 82, и кај FDP 28.
Кај Зелените посебно е погоден лидерот на партијата Роберт Хабек, откако хакерите објавија значајни изводи од дигиталната комуникација со семејството, но и преписка со поранешниот шеф на SPD Зигмар Габриел може да се најдат на мрежата.
Првата истрага покажа дека хакерите најверојатно „упаднале“ во компјутерите преку програмата за пишување мејлови „Outlook“.
Откако успеале да украдат лозинки на најмалку 30 политичари, дошле и до други преку мрежата и налозите на социјалните медиуми како твитер и фејсбук.